(ВИДЕО) Терористички напад во Барселона

Во терористичкиот напад со едно комби во Барселона кое влета меѓу пешаците кои се шетаа по улиците загинаа 13, а над 100 лица биле повредени.

Министерот за внатрешни работи на Автономната покраина Каталонија Јоаким Форн рече дека здравствената состојба на 15 повредени е сериозна и се стравува од евентуално зголемување на бројот на загинатите.

Претставникот на полицијата Јосеп Луис Траперо во врска со нападот рече дека биле приведени две осомничени лица од кои едниот бил од мароканско, а вториот од Мелилја, шпански град на териториите на Северна Африка и шпански државјанин.

Траперо рече дека возачот на комбито побегнал од местото на настанот.

Печатот и медиумите тврдат дека возачот се викал Дрис Оукабир.

Исти извори тврдат дека вооруженото лице кое изврши упад на еден ресторан и зеде едно лице за заложник, беше фатен со операцијата на полицијата.

Железничките и метро станиците во туристичкото шеталиште Лас Рамблас каде што се случи нападот беа затворени за сообраќај.

По нападот во Автономната покраина Каталонија беше прогласена тридневна жалост.

Премиерот Маријано Рахој во пораката преку профилот на Твитер истакна дека е во постојан контакт со безбедносните сили и дека приоритет на активностите е подобрување на здравствената состојба на повредените.

Терористите никогаш не ќе можат да го уништат обединетиот народ рече Рахој и потенцираше дека Шпанија е покрај и на страната на жртвите и нивните семејства.

Откако одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ, во Шпанија пристигнуваат пораки со сочувство од целиот свет.