(ВИДЕО) Штрајкот на железничарите во Германија

Железничарите во Германија пред Божиќ одржаа четиричасовен штрајк со барање за покачување на платите.

Железничарите во знак на протест на незадоволувањето на барањето за покачување на платата од страна на германската железничарско претпријатие Дојче бан (ДБ), денес од 05.00 до 09.00 часот одржаа штрајк во целата земја.

Како последица на штрајкот беа одложени патувањата на долги релации, а исто така под неповолно влијание на штрајкот потпаднаа и регионалните патувања.

Во некои градови беа одложени скоро сите железнички патувања, додека приградските патувања С-Бан во Берлин имаше застој во линиите.

Милиони луѓе кои во раните утрински часови се подготвуваа на работа да одат со воз, наместо со воз користеа други превозни средства.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Синдикатот на железничарите на Германија (ЕВГ) кој брои 160 илјади работници беше истакнато дека штрајкот со предупредувачки карактер го започнале поради непостигнувањето резултат на колективните преговори за зголемување на платите. Железничарите предупредија на поголем број штрајкови пред Божиќ.

Синдикатот на машиновозачите (ГДЛ) кој застапува 36 илјади вработени, во вторник ќе остварат средба со претставниците на компанијата ДБ.

Приврзаниците на Синдикатот ЕВГ бараат 7 насто зголемување на платата, додека компанијата ДБ нуди 5,1 насто и 500 евра кои ќе бидат исплатени само еднаш.