(ВИДЕО) Големи последиците на тајфунот Џеби што ја погоди Јапонија

Бројот на загинатите во тајфунот Џеби што ја погоди Јапонија се зголеми на 11 лица.

Во тајфунот Џеби кој важи за еден од најсилните во последните 25 години и кој од вчера наваму е доста влијателен, беа повредени околу 300 лица.

Се стравува од евентуално зголемување на загинатите поради што се планира евакуација на околу 2 милиони лица од регионот.

Ветрот чија брзина изнесува околу 200 км на час, ги откорна дрвјата од корен и се што најде на пат одвлече во океанот.

Како последица на силниот ветар, беа оштетени стотици автомобили.

Некои бродови се насукаа на копното.

Меѓународниот аеродром Кансаи остана под вода.

Над три илјади патници на аеродромот на кој што беа суспендирани летовите, беа евакуирани со траекти.

Како последица на силниот ветар, еден танкер за гориво кој излезе од контрола, удри во мостот што го поврзува аеродромот со градот Изумисано во Осака.

Несреќата го прекина сообраќајот меѓу патот што ги поврзува аеродромот и железничката линија, поради што илјадници патници беа принудени ноќта да ја поминат на аеродромот.

Во некои делови на аеродромот којшто сеуште е затворен за летање, сеуште нема струја.

Сеуште не е познато кога аеродромот повторно ќе се отвори за летање.