Русија и Асадовиот режим во Идлиб и во Хама бомбардираа цивилни населени места и едно училиште

Според добиени информации од локални извори, воени авиони на Русија и Асадовиот режим, како и хеликоптери на режимот од утринските часови реализираат воздушни напади на областите Хабит, Џерџеназ, Хиш, Темениа во јужниот дел на градот Идлиб и на областа Латамне кај градот Хама.

Во нападите се ранети 17 цивили.

Меѓу нив има и две деца кои биле ранети во реализираниот воздушен напад на едно училиште во месноста Џерџеназ.