(ВИДЕО) Турција и Босна и Херцеговина играа нерешено без голови

Пријателскиот подготвителен натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Турција и Босна и Херцеговина во Ризе заврши нерешено и без голови.

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина во 14-та минута имаше голема шанса за гол.

Џеко кој ја презеде фудбалската топка од одбранбениот играч Џачглар Сојунџу кој напари грешка, му ја испрати на Виска кој откако влезе во казнениот простор веднаш шутираше. Голманот Синан Болат го одбрани шутот и топката ја испрати во корнер.

Во двојната борба во 18 минута, Закариќ ја презеде фудбалската топка од Џенгиз Ундер и од левата страна на казнениот простор шутираше кон голот. Голманот Синан Болат топката ја отстрани со нозете.

Од шутот на Вишќа кој беше изненаден од топката што му се вртеше пред нозете, топката излезе во аут.

Хакан Чалханоглу во 22 минута силно шутираше во топката којашто фудбалерите на БиХ сакаа да исфрлат од казнениот простор. Топката удри во фудбалерот Шенер Озбајракли и излезе во аут.

Џенгиз Ундер во 28-та минута силно шутираше од 30 метри. Голманот Сехиќ во последниот момент го одбрани овој шут и топката ја исфрли во корнер.

Турската фудбалска репрезентација во 32-та минута многу се приближи до голот.

Фудбалерот Огузхан Озјакуп топката што ја прими од Хакан Чалханоглу веднаш му ја испрати на Енес Унал кој беше сам.

Енес кој наеднаш се најде сам со голманот за жал топката ја шутираше во аут.

Во 34 минута Хакан Чулханоглу ја контролираше топката што ја прими во казнениот простор од Огузхан Јакуп и силно шутираше во противничкиот гол. Топката со мала разлика излезе во аут.

Во нападот на БиХ во 40-та минута, шутот на Џимирот во казненот простор од левата страна заврши во аут.

Џенгиз Ундер во 68-та минута во казнениот простор му дофрли топка на Хакан Чалханоглу кој силно шутираше и топката заврши во аут.

Во 70-та минута Огузхан Озјаку му ја додаде топката на Џенк Тосун остана сам со голманот Беговиќ и со мала разлика шутираше во аут.

Слободниот удар во 72-та минута кој беше доделен по соборувањето на Џенк Тосун, го оствари Хакан Чалханоглу кој со шутот од 25 метри топката ја испрати во аут.

Во 84-та минута Јунус Малли му испрати топка на Џен Тосунн кој по шутот со мала разлика ја пропушти последната шанса за гол.

Натпреварот заврши нерешено без голови.