Музејот Лувр во Абу Даби

Музејот Лувр во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати е универзален музеј каде што се поставени уметнички дела од антиката па се до современиот свет.

Музејот инаку дело на францускиот архитект Жан Нувел е опколен со море, а се состои од 23 постојани галерии, посебни изложбени простори, една сала за конференции, ресторани,продавници и еден истражувачки центар.