Претседателот Ердоган утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Русија

Според објавеното писмено соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседателството, претседателот Ердоган за време на својата утрешна еднодневна работна посета на Русија ќе се состане со својот колега рускиот претседател Владимир Путин

Претседателот Ердоган утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Русија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре (23 јануари, среда) ќе престојува во работна посета на Русија.

Според објавеното писмено соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседателството, претседателот Ердоган за време на својата утрешна еднодневна работна посета на Русија ќе се состане со својот колега рускиот претседател Владимир Путин.

Во рамките на посетата во Москва се предвидува да се оствари средба и помеѓу делегациите со учество на надлежните министри и функционери на двете земји, а воедно освен билатералните односи помеѓу Турција и Русија ќе бидат разменети и мислења во врска со низа регионални и меѓународни прашања, на чело со Сирија.



Слични вести