Активностите за пренесување во новиот Истанбулски аеродром ќе завршат кон крајот на март

Со капацитет од 200 милиони годишно, Истанбулскиот аеродром ќе биде еден од најголемите во светот

Активностите за пренесување во новиот Истанбулски аеродром ќе завршат кон крајот на март

Министерот за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан рече дека активностите за пренесување во новиот Истанбулски аеродром ќе завршат кон крајот на март.

Во говорот на свеченото отворање на пет операциони објекти на турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс (ТХЈ) на аеродромот Истанбул, министерот Турхан рече дека овој аеродром претставува одраз на остварувањето на еден идеал, сон, големо размислување.

И натаму продолжуваат активностите за пренесување на аеродромот Истанбул. Се надеваме дека кон крајот на Март ќе завршат сите овие активности“ рече Турхан.

С капацитет од 200 милиони годишно, Истанбулскиот аеродром ќе биде еден од најголемите во светот. Благодарение на аеродромот ќе се обезбеди превоз на патниците од источните кон западните и од северните кон јужните земји и обратно.

Нивото што го постигна Турција од аспект на воздухопловството претставува еп и несомнено дека најзначаен актер во целиот овој процес е компанијата Туркиш ерлајнс.

Гледано од аспект на воздухопловството, Турција постигна три пати поголем раст од светскиот просечен раст, рече министерот Турхан потенцирајќи дека бројот на патниците кој во минатото изнесуваше 34 милиони, денес изнесува над 210 милиони и дека претстојната цел е постигнување 450 милиони патници.

Турхан меѓудругото додаде дека гледано од аспект на бројот на патниците, Турција се искачи на 4-то место во Европа, а на 10-то место во светот.

Количината на товарот што го пренесуваат турските воздушни компании изнесува над 4 милиони тони. Бројот на вработените во секторот изнесува над 205 илјади лица. Жирото на секторот се зголеми за 11 пати и достигна 110 милијарди лири.

Туркиш ерлајнс пред големото пренесување во март, го оствари отворањето на 5 операциони објекти во рамките на Истанбулскиот аеродром кои се простираат на површина од 50 илјади 379 метри квадратни.



Слични вести