Претседателот Ердоган им се обрати на јунаците во операцијата Маслиново гранче во Африн

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар за време на своето обраќање пред командосите кои учествуваа во операцијата Маслиново гранче, го побара по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој им се обрати на јунаците од Африн

Cumhurbaşkanı Erdoğan Afrin kahramanlarına hitap.jpg
akar.jpg

Денеска (20 јануари, 2019 година) се одбележува првата годишнина од реализацијата на операцијата Маслиново гранче во подрачјето на Африн во Сирија која резултираше со исчистување на ова подрачје од терористите.

На денешен ден, на 20 јануари 2018 година 72 воени авиони од воздух, а артилериските единици од копно ги бомбардираа терористичките позиции во подрачјето на Африн во северниот дел на Сирија.

Едната од првите и најзначајни цели во операцијата Маслиново гранче беше планината Бурсеја.

Турските војници заедно и со единиците на Слободната сириска армија (ССА) на Бурсеја неутрализираа повеќе ид 100 терористи.

Потоа беа земени под контрола планината Дармик, а потоа Раџу и Џиндерес.

И на крајот на 57 дена на 103'тата годипнина од победата на Чанаккале, на 20 јануари 2018 година беше воспоставена контролата во центарот на градчето Африн.

Заедно со операцијата Маслиново гранче турската одбранбена индустрија му ја покажа својата сила на целиот свет.

75 отсто од оружјето и муницијата кои што беа користени во операцијата беа од домашно производство.

Во текот на оваа измината една година дојде спокојство во Африн, жителите на Африн се вратија во своите домови, подрачјето беше наново изградено.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот кадар на Турските вооружени сили (ТВС), по повод годишнината од почетокот на операцијата Маслиново гранче, во градот Хатај се состана со командосите кои учествуваа во операцијата.

Министерот Акар за време на своето обраќање пред командосите, го побара по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, кој им се  обрати на јунаците од Африн.

Ердоган во своето обраќање, во врска со последниот реализиран терористички напад во Африн рече: „Ова никогаш нема да нѐ одврати од нашата борба во Африн. Овој наш процес ќе продолжи без застој, и во Африн, и во Џераблус,  и во Ел Баб. Како Турските вооружени сили (ТВС), така и Слободната сириска армија (ССА) ја продолжуваат оваа борба заеднички, рака за рака.“

Во врска со ова обраќање на претседателот Ердоган до јунаците од Африн, сподели видео снимка и шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Ердоган, Фахреттин Алтун.

Во видео-снимката, претседателот Ердоган им се обраќа на јунаците од Африн, и на првата годишнина од операцијата Маслиново гранче им посакува здравје на газиите, ранетите, а на шехидите, загинатите војници им посакува милост од Аллах.

Велејќи „Не е можно да заборавиме како операцијата во Африн  претставуваше честита борба против тероризмот“, Ердоган рече: „Борбата што ја водевме во Африн ќе има незаборавно место во нашите спомени.“  

Претседателот Ердоган, на загинатите во терористичкиот напад на првата годишнина од операцијата Маслиново гранче  им посака милост од Аллах, а на ранетите им посака побрзо оздравување и својот говор го проодлжи со зборовите: „Ова никогаш нема да нѐ одврати од нашата борба во Африн. Овој наш процес ќе продолжи без застој, и во Африн, и во Џераблус,  и во Ел Баб. Ова  освен тоа што нема да ги запрат турските војници и Слободната сириска армија (ССА) истовремено овде на сите наши сириски браќа ќе им овозможиме што поскоро да се стекнат со својата слобода. Територијалниот интегритет на Сирија веќе се наоѓа под наша гаранција и овде нема да се дозволи да дојде до било какво одделување.“

Воедно велејќи дека ранетите во денешниот терористички напад во Африн се пренесени на лекување во градот Хатај, во Турција, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде: „Како Турските вооружени сили (ТВС), така и Слободната сириска армија (ССА) ја продолжуваат оваа борба заеднички, рака за рака.“



Слични вести