Ибрахим Калин: Меѓународниот систем е модерното лице на варварството

Ибрахим Калин во врска со потонувањето на чамецот со илегални имигранти во Средоземното Море, во близина на Либија, напиша: „Меѓународниот систем кој што останува нем и не развива решение пред оваа бескрајна драма, е модерното лице на варварството“

Ибрахим Калин: Меѓународниот систем е модерното лице на варварството

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, во врска со потонувањето на чамецот со илегални имигранти вчера во водите на Средоземното Море, во близина на брегот на Либија, го употреби изразот: „Меѓународниот систем кој што останува нем и не развива решение пред оваа бескрајна драма, е модерното лице на варварството.“ 

Калин во соопштението што го објави на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „При потонување на еден мигрантски чамец во близина на Либија животот го загубија 117 лица. На загинатите им посакувам милост од Аллах.  Меѓународниот систем кој што останува нем и не развива решение пред оваа бескрајна драма, е модерното лице на варварството.“

Портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Италија Флавио Ди Џакомо вчера изјави дека 117 илегални имигранти кои се наоѓале во еден чамец кој што потонал во Средоземното Море во близина на Либија, или загинале или пак исчезнале.

Италијанскиот претседател Серџио Матарела исто така во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Чувствувам длабоко жалење од смртта на повеќе од 100 лица во Средоземното Море, меѓу кои има жени, бебиња и мажи.“



Слични вести