МНР на Турција: Повлекувањето на САД од Сирија не треба да ѝ служи на терористичката ЈПГ/ПКК

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека одлуката за повлекување на американските војници од Сирија не треба да ѝ служи на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

МНР на Турција: Повлекувањето на САД од Сирија не треба да ѝ служи на терористичката ЈПГ/ПКК

Портпаролот на министерството за надворешни работи Хами Аксој направи проценка на одлуката на американската администрација за повлекување од Сирија.

Аксој истакна дека одлуката за повлекување на американските војници од Сирија не треба да ѝ служи на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Тој рече: „Повлекувањето не треба да ѝ служи на ЈПГ/ПКК. Не треба да дојде до состојби на свршени чинови на теренот.“

Освен тоа портпаролот Хами Аксој истакна дека во бирократијата во САД е создаден отпор против претседателот Доналд Трамп.

Велејќи дека на посетата на американскиот Сенатор Линдсеј Грахам на Турција ќе се разговара за прашањето со Сирија, Аксој се осврна и на постигнатиот договор со Русија за подрачјето на градот Идлиб во Сирија во врска со што рече: „Нема да дозволиме провокациите да го поткопат договорот за Идлиб.“

Инаку, согласно постигнатиот договор помеѓу Турција и Русија на 17 септември во Сочи, опозиционерите во подрачјето на Идлиб го повлекоа тешкото оружје кое се наоѓаше во формираната тампон зона на длабочина од 15 до 20 километри.

Портпаролот Хами Аксој воедно соопшти дека министерот за надворешни работи на 6 февруари ќе замине за САД каде што ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатии на меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ, што ќе се одржи во Вашингтон.



Слични вести