Ердоган: Во нападот во Менбич загинаа 20 лица од кои 5 мина американски војници

Претседателот Ердоган на заедничката прес-конференција со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ истакна дека во реализираниот напад во подрачјето на Менбич во Сирија според добиени информации загинаа 20 лица од кои 5 мина американски војници

Ердоган: Во нападот во Менбич загинаа 20 лица од кои 5 мина американски војници

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган одржа заедничка прес-конференција со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ која допатува во официјална посета на Турција.

Двајцата претседатели во своите излагања се осврнаа на билатералните односи, состојбата во југоисточна Европа т.ј. на Балканот со посебен акцент на односите на двете земји со Босна и Херцеговина, состојбата на Блискиот исток и други регионални и меѓународни прашања.

Претседателот Ердоган на заедничката прес-конференција со Грабар Китаровиќ истакна дека Дејтонскиот договор мора да се ревидира.

Дејтонскиот мировен договор задолжително треба да се ревидира. Многу јасно дека Дејтонскиот договор во досегашниот период не донесе решение за иднината на Босна и Херцеговина“, подвлече Ердоган.

Во врска со ова, Ердоган нагласи дека е потребно активно вклучување на Обединетите нации (ОН) во врска со Босна и Херцеговина и Дејтонскиот мировен договор, односно негова ревизија.

Тој додаде дека народите во Босна и Херцеговина треба меѓусебно да се се гледаат со очи на мир, и дека Турција во тоа помага. 

Ердоган зборуваше и за трилатералниот механизам Турција-БиХ-Хрватска во врска со што рече дека на оваа трилатерала може да се зборува подетално, откако ќе биде формирана власт во БиХ.

Гостинската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ од своја страна истакна дека има пораст во трговската размена меѓу Турција и Хрватска, но дека на ова поле може да се стори многу повеќе.

Односите меѓу Турција и Хрватска се без отворени прашања. Се согласивме дека и понатаму треба да продолжиме да вложуваме заеднички напори во продлабочување на односите во сите области, особено во економијата и економските односи, со цел зголемување на размената и инвестициите. Сакаме што поскоро да се приближиме кон целната размена од милијарда американски долари. Исто така, сакаме да ги искористиме нашите потенцијали. Разговаравме и за соработка во енергетиката и во сообраќајното поврзување.“, - рече хрватската претседателка.

Важно е Хрватска и Турција да го задржат дијалогот на највисоко ниво со оглед на глобалната важност на Турција. Мило ми е што ја продлабочуваме и културната соработка“, додаде Грабар Китаровиќ.

Таа истакна дека со претседателот Ердоган разговарала и за ситуацијата во Југоисточна Европа и на Блискиот Исток.

Силно ја поддржувам европската перспектива за сите земји од европскиот југоисток, како и евроатлантската за земјите што ја нагласија оваа цел. Цврсто верувам дека единствено евроатлантската перспектива на државите од Југоисточна Европа претставува гаранција за трајната стабилност и безбедност, и за благосостојбата на целото подрачје“, нагласи претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ.

Потоа двајцата претседатели, Ердоган и Грабар Китаровиќ  одговараа на прашањата на новинарите.

На едно новинарско прашање  претседателот Ердоган истакна дека во реализираниот напад денеска во пладневните часови во подрачјето на градот Менбич во Сирија постојат информации за вкупно 20 загинати лица од кои 5 мина американски војници.

Ердоган рече дека цел на нападот во Менбич можеби е да се влијае на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување од Сирија.

Велејќи "Ја видов одлучноста кај американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување", Ердоган напомена дека верува оти по овој последен терористички напад нема да дојде до промена во одлуката за повлекување и додаде дека во спротивно тоа ќе значи извојувана победа на терористичката организација ДЕАШ.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: "Ќе продолжиме со борбата против терористичката организација ДЕАШ. Бидејќи ние ќе го елиминираме ДЕАШ на тие територии."

 



Слични вести