Ердоган ја пречека хрватската претседателка Китаровиќ со највисоки државни почести

Претседателот Ердоган во претседателската палата во Бештепе во Анкара ја пречека хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ со највисоки државни почести

erdogan-kitarovic1.jpg
erdogan-kitarovic.jpg

Претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска допатува во официјална посета на Турција.

Претседателот Ердоган во претседателската палата во Бештепе, во Анкара, ја пречека со хрватската претседателка со највисоки државни почести.

На церемонијата на дочек беа интонирани националните химни на двете земји, по што хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ ја поздрави почесната гарда на турски со зборовите "Мерхаба аскер".

Потоа двајцата лидери Ердоган и Грабар Китаровиќ влегоа во претседателската палата.

По средбата лице во лице двајцата претседатели, Реџеп Тајјип Ердоган и Колинда Грабар Китаровиќ, ќе одржат заедничка прес-конференција.

Потоа вечерва, претседателот Ердоган во чест на својата гостинка хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ ќе приреди свечена вечера.

 



Слични вести