Хулуси Акар, Хакан Фидан и воените команданти се состанаа на границата со Сирија

Значаен состанок на границата со Сирија на кој учествуваа министерот за национална одбрана Акар, началникот на Генералштабот генерал на армија Ѓулер, командантот на копнените сили генерал на армија Дундар и шефот на МИТ Фидан

Хулуси Акар, Хакан Фидан и воените команданти се состанаа на границата со Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан се состанаа во градот Хатај на границата со Сирија.

На состанокот беше направена проценка на случувањата во северниот дел на Сирија.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека во правец на спогодбата од Сочи се покажува секој вид напор за продолжување на прекинот на огнот и стабилноста во Сирија.

На состанокот беше поставена на дневен ред и последната состојба во подрачјето на градот Идлиб во рамките на потпишаната спогодба во рускиот град Сочи, и беше разгледано она што треба да се направи во правец на воспоставување на спокојството и стабилноста во регионот, со водење на активности во насока на продолжување на прекинот на огнот. 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со прашањето рече: "Во правец на спогодбата од Сочи се покажува секој вид напор за продолжување на прекинот на огнот и стабилноста. Нашата блиска соработка со Русија по ова прашање продолжува."

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар вчера исто така беа во обиколка на пограничните единици кај градот Шанлиурфа.

 



Слични вести