Чавушоглу и Помпео разговараа телефонски за последните случувања во врска со Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со својот американски колега Мајк Помпео посветен на последните случувања во врска со Сирија

Чавушоглу и Помпео разговараа телефонски за последните случувања во врска со Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Според добиени информации од дипломатски извори, Чавушоглу и неговиот американски колега Помпео разговараа телефонски.

Во разговорот двајцата шефови на дипломатии направија проценка на последните случувања во врска со Сирија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервју за египетската државна телевизија, истакна дека со Чавушоглу разговарал телефонски и во четвртокот и дека Турција и САД ќе се договорат во однос на деталите по прашањето на имплементацијата на одлуката на претседателот Доналд Трамп за повлекување од Сирија.



Слични вести