Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во обиколка на единиците на границата со Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со реализација на евентуална операција против терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија и рече: „Пред нас се Менбич, источниот дел на реката Еуфрат. Планирањата во врска со тоа се подготвени

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во обиколка на единиците на границата со Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар, беше во обиколка на единиците на границата со Сирија.

Во оваа пригода министерот Акар се осврна и на прашањето за реализација на евентуална операција против терористите, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија и рече: „Пред нас се Менбич, источниот дел на реката Еуфрат. Планирањата во врска со тоа се подготвени. Нашите подготовтки продолжуваат интензивно. Тогаш кога ќе дојде времето и тајмингот, на сличен начин со претходните операции, и овдешните терористи ќе бидат закопани во рововите кои што ги копаат.“ 

„Државата Република Турција е крајно одлучна за да стави крај на тероризмот секаде, во нашата земја или преку нашите граници. Наша единствена цел се терористите. Секој оној кој располага со здрав разум знае дека ние немаме никаков проблем со нашите курдски браќа, со кои сме цврсто сплотени, како месото и ноктите.“ - подвлече министерот за национална одбрана Хулуси Акар. 

 



Слични вести