Ердоган: Економскиот раст на Турција во 2018 година повторно ќе изнесува над очекувањата

Претседателот Ердоган истакна дека економскиот раст на Турција во 2018 година повторно ќе изнесува над очекувањата и притоа потсети дека на ист начин и во 2017 година велеа оти Турција ќе оствари раст од 3-3,5 отсто, но беше постигнат раст од 7 отсто

Ердоган: Економскиот раст на Турција во 2018 година повторно ќе изнесува над очекувањата

Претседателот на државата и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на претседателите на градските организации на својата владејачка партија во проширен состав.

Ердоган истакна дека економскиот раст на Турција во 2018 година повторно ќе изнесува над очекувањата, а воедно напомена дека од една страна се стое цврсто исправено против терористичките организации, а од друга страна се зајакнуваат демократските и економските придобивки.

„Во 2017 година рекоа дека Турција ќе оствари раст од 3-3,5 отсто, ние постигнавме раст од 7 отсто.“ - рече Ердоган.

Велејќи дека и покрај изготвеното сценарио во триаголникот на курсот, каматата и инфлацијата, растот и во 2018 година повторно ќе изнесува над прогнозите, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека Турција која се наоѓа на 13'сетото место во светот според паритетот на куповна моќ по националниот доход и дека не треба да зачуди ако на крајот на годината се искачи за уште едно место погоре. 



Слични вести