Фондацијата „Дијанет“ на Турција (ТДВ) во 2018 г. раздаде 316 шлепери хуманитарна помош во Сирија

Фондацијата за верски прашања „Дијанет“ на Турција (ТДВ) во 2018 година на загрозениот народ во граѓанската војна во Сирија му раздаде 316 шлепери хуманитарна помош

Фондацијата „Дијанет“ на Турција (ТДВ) во 2018 г. раздаде 316 шлепери хуманитарна помош во Сирија

Фондацијата за верски прашања „Дијанет“ на Турција (ТДВ) минатата (2018) година на загрозениот народ во граѓанската војна во Сирија му раздаде 316 шлепери хуманитарна помош.

Фондацијата „Дијанет“ објави писмено соопштение во врска со доставената помош на народот во областите на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче кои беа исчистени од терористите и во подрачјето на градот Идлиб во Сирија. 

Во соопштението се истакнува дека за реализација на активностите за помош во областите за кои станува збор биле отворени 5 канцеларии и дека хуманитарната помош донесена од Турција со помош на 316 шлепери му биле раздадени на загрозеното население преку овие канцеларии.

Фондацијата за верски прашања „Дијанет“ на Турција (ТДВ), минатата (2018) година во наведените подрачја дневно раздаде по 120 илјади леба, а воедно во камповите каде то се сместени цивили насилсно прогонети од своите домови во населеното место Азез кај ргадот Алепо секојдневно им беше раздаден топол оброк на 15 илјади лица.

Фондацијата, т.ј. вакафот, исто така поправи 160 џамии кои биле оштетени во судирите и во текот на годината повторно беа отворена за ибадет (клањање, молитва, богослужба), а беа завршени и работите за одржување, поправање и постилање на подовите на 268 џамии.

Фондацијата за верски прашања „Дијанет“ на Турција (ТДВ) воедно со кампањите кои што ги организира во текот на граѓанската војна во Сирија испрати вкупно 1.866 шлепери со хуманитарна помош наменета за цивилното население во оваа земја.



Слични вести