Соопштение од Белата куќа во врска со вчерашниот телефонски разговор помеѓу Ердоган и Трамп

Од Белата куќа пристигна соопштение во врска со вчерашниот остварен телефонски разговор помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп

Соопштение од Белата куќа во врска со вчерашниот телефонски разговор помеѓу Ердоган и Трамп

Портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс објави писмено соопштение во врска со вчерашниот остварен телефонски разговор помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп.

Сандерс истакна: "Ердоган и Трамп разговараа телефонски. Двајцата лидери зборуваа за билатерални прашања вклучувајќи ги и безбедносните грижи на Турција и САД во Сирија и борбата против тероризмот. Двајцата претседатели постигнаа согласност по прашањето на продолжување на координацијата за реализација на безбедносните цели и на двете земји, во Сирија."

Според добиени информации од извори на претседателскиот кабинет во врска со вчерашниот телефонски разговор, претседателот Ердоган му ги достави на Трамп легитимните безбедносни грижи на Турција кои што произлегуваат од присуството и активностите (дејството) на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ.

Освен тоа двајцата лидери постигнаа согласност по прашањето на воспоставување на поефикасна координација во контекст на Сирија.

 



Слични вести