Претседателот Ердоган оствари критичен телефонски разговор со Трамп

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган приквечер оствари критичен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп посветен на последните случувања во Сирија, поточно во врска со источниот дел на реката Еуфрат

Претседателот Ердоган оствари критичен телефонски разговор со Трамп

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган водеше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во критичниот разговор стана збор за сириската криза.

Според добиени информации од извори на претседателскиот кабинет, претседателот Ердоган приквечер оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во телефонскиот разговор освен билатерални прашања беше направена проценка на последните случувања во Сирија, на чело со прашањата посветени на безбедноста и борбата против тероризмот.

Претседателот Ердоган ги достави до Трамп легитимните безбедносни грижи на Турција кои што произлегуваат од сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ.

Двајцата лидери постигнаа согласност по прашањето на воспоставување на поефикасна координација во контекст на Сирија.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган завчера го даде сигналот за операција на источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија.

Турција чувствува вознемиреност од присуството на терористичките елементи во регионот и од поддршката што им се доставува на истите од страна на САД.



Слични вести