Ердоган: Ерусалим е заедничко прашање за сите нас, а не само за грст Муслимани во Палестина

Претседателот Ердоган истакна дека каузата за Ерусалим (Кудс) претставува заедничко прашање за сите, а не само за грст Муслимани во Палестина

Ердоган: Ерусалим е заедничко прашање за сите нас, а не само за грст Муслимани во Палестина

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на Втората конференција на меѓупарламентарната платформа за Ерусалим (Кудс) во Истанбул.

Ердоган ја достави својата благодарност во име на Турција и турскиот народ до јунаците кои со борбата што ја водат, заедно со Ерусалим (Кудс) го бранат достоинството и на човештвото и испречувајќи се пред окупаторите не дозволуваат да се згази честа на Муслиманите (Уммети Мухамед).

Ердоган истакна дека каузата за Ерусалим (Кудс) претставува заедничко прашање за сите, а не само за грст Муслимани во Палестина. 

Велејќи "Каузата за Ерусалим (Кудс) не е кауза само на грст Муслимани во Палестина. Оваа кауза е заедничка кауза за сите, заедничко прашање за сите нас." - рече Ердоган и додаде: "Едната половина од нашето срце е Мека, а другата половина Медина. Над нив како завез стои Ерусалим (Кудс)."

Тој рече: "Овој честит град од каде Божјиот пратеник (Пејгамберот Мухамед) се возвишил кон небото го сакаме без да го држиме одделно од Истанбул, Каиро, Багдад, Мека и Медина. Ете затоа ние велиме дека Ерусалим (Кудс) е нашата црвена линија."

Велејќи дека Израел 50 години како намерно се обидува да ги избрише трагите на исламското наследство во Ерусалим (Кудс), Ердоган рече: "Не можете да ги избришете. Ако мислите дека со носење на неколку амбасади, генерални конзулати овде, ќе го уништите духовниот идентитет на Ерусалим (Кудс), се лажете себе си. Најзначајната причина што Израел може своите активности за окупација да ги врши со ваква непромисленост, е поддршката што ја добива од некои членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН)."

Ердоган нагласувајќи дека реакцијата против разгаленоста на Израел никако не претставува антисемитизам и рече: "Онака како што Холокаустот претставува нечовечно злосторство во ист степен претставува тешко злосторство против човештвото  и употребата на бомби врз децата кои играат фудбал на брегот на Газа."

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека освен американската управа, и некои европски земји, поради срамот од сцените доживеани за време на Втората светска војна остануваат безгласни пред окупаторските политики на Израел.

 



Слични вести