Израелските војници притворија 21 Палестинец на окупираниот Западен Брег

Според објавеното писмено соопштение од израелската армија, во синоќешните реализирани операции во различни делови на Западниот брег со образложение дека „биле замешани во терористички акции“ се притворени 21 Палестинец

Израелските војници притворија 21 Палестинец на окупираниот Западен Брег

Израелските војници притворија 21 Палестинец на окупираниот Западен Брег.

Според објавеното писмено соопштение од израелската армија, во синоќешните реализирани операции во различни делови на Западниот брег со образложение дека „биле замешани во терористички акции“ се притворени 21 Палестинец.

Во соопштението се истакнува дека притворените Палестинци се испратени на сослушување во центарот за притвор во област.

Израелските сили често реализираат упади на Западниот Брег и Појасот Газа кои се под окупација, и притоа ги притвораат Палестинците под различни изговори.

Според официјални извори, во израелските затвори се наоѓаат притворени 6 илјади Палестинци од кои 430 во административен притвор, а се притворени и 6 мина пратеници и 270 деца. 

Изарел со применувањето наречено „административен притвор“ согласно добиените разузнавачки информации, може да ги држи во притвор Палестинците во времетраење од 1 до 6 месеци.

Доколку се одлучи дека приведениот „претставува закана за безбедноста на Израел“ воениот судија без изнесување и на одредено обвинение за сторено кривично дело, времетраењето на притвор може да го продолжи и до 5 години.

 



Слични вести