Чавушоглу: Ќе одиме до крај во покренатата истрага за расветлување на убиството на Кашикчи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната прес-конференција во Брисел истакна дека Турција ќе оди до крај во покренатата истрага за расветлување на убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги)

Чавушоглу: Ќе одиме до крај во покренатата истрага за расветлување на убиството на Кашикчи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по состанокот на шефовите на дипломатии на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел, одржа конференција за претставниците на печатот и притоа одговараше на прашањата на новинарите и во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој на 2 октомври беше жртва на ѕверско убиство во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што отиде за земе документ за венчавка, а потоа беше изгубена секаква трага од него.

Чавушоглу истакна дека Турција ќе оди до крај во покренатата истрага за расветлување на убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Тој рече: „Истрагата продолжува, ние ќе одиме до крај. Ако дојде до застој нема да се воздржуваме да побараме меѓународна истрага.“

Правејќи проценка на дискусиите кои што се доживуваат по прашањето на предавањето на борбените авиони Ф-35 од САД на Турција, Чавушоглу рече: „Американскиот претседател Доналд Трамп и нашиот претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) за прашањето со Ф-35 разговараа и на самитот на Г-20 во Аргентина. Трамп самиот го постави на дневен ред прашањето и рече дека Турција е меѓу значајните актери на овој проект. Не станува збор за поништување, моментално не гледаме одреден проблем.“

Чавушоглу реагираше на изјавата на специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри околу тоа дека состанокот од Астана не може да ги назначи членовите на Уставотворната комисија на за Сирија и дека веќе е дојдено на крајот на процесот, во врска со што рече: „Тоа е крајно несреќна изјава. Не мислам дека тоа е сопствено мислење на Џефри. На дневен ред на посетата на Џефри на Турција се наоѓа источниот дел на реката Еуфрат.“ 

Правејќи проценка и на затегнатоста помеѓу Русија и Украина, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го рече следното: „Треба да се ослободат запленетите бродови и членовите на екипажот на Украина (на 25 ноември во Црното Море од страна на Русија). И Русија и Украина располагаат со свои права во Керченскиот проток. Двете земји треба да координираат за да не би дошло до затегнатост уште еднаш. И ние ќе го направиме она што е во наша можност за да не дојде до проблем во иднина.“

 



Слични вести