Бинали Јилдирим: Турција посакува да се изнајде заедничко решение помеѓу двете страни на Кипар

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим истакна дека Турција посакува да се изнајде заедничко решение помеѓу Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Кипарско-грчкиот дел, во правец на резолуциите на Обединетите нации (ОН)

Бинали Јилдирим: Турција посакува да се изнајде заедничко решение помеѓу двете страни на Кипар

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим говореше на конференцијата под наслов „Првите 10 години на ТУРКПА и иднината на меѓупарламентарната соработка: Нови приоди кон соработката“ која се одржа во градот Измир рамките на 8-мото Генерално собрание на Парламентарната Асамблеја на туркофонсите земји (ТУРКПА).

Јилдирим истакна дека Турција посакува да се изнајде заедничко решение помеѓу Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Кипарско-грчкиот дел, во правец на резолуциите на Обединетите нации (ОН).  

Велејќи дека на Генералното собрание на ТУРКПА учестуваше и претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Теберукен Алучај, Бинали Јилдирим напомена дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) која ја прогласи својата независност на островот Кипар пред 35 години до денеска води голема борба за просперитетот и среќата на својот народ на островот.

Јилдирим рече: „И покрај сите видови ограничувања и неправди Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ја продолжува својата борба за опстанок. Нашата цел и нашето очекување е да се изнајде заедничко решение помеѓу Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Кипарско-грчкиот дел, а во правец на резолуциите на Обединетите нации (ОН) и со праведно управување со островот.“

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим истакна дека за изнаоѓање на заедничко решение Турција уште од почетокот секогаш обезбедуваше позитивен придонес за напорите на Обединетите нации (ОН) и Европската унија (ЕУ), а ќе продолжи да го дава својот придонес и во иднина.

 



Слични вести