Ердоган: Гасоводот Турски тек со безброј предности не само за Турција, туку и за соседите и регионот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека проектот Турски тек со кој рускиот гас преку Црното Море и Турција ќе се транспортира во Европа нуди безброј предности не само за Турција туку и за соседните земји и други региони

Ердоган: Гасоводот Турски тек со безброј предности не само за Турција, туку и за соседите и регионот
Ердоган и Путин на церемонијата по повод завршувањето на изградбата на Турски тек под морето
Ердоган и Путин на церемонијата по повод завршувањето на изградбата на Турски тек под морето

Во повод завршувањето на изградбата на делот од гасоводот Турски тек кој што поминува под Црното Море денеска во Конгресниот центар во Истанбул со учество и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се одржа церемонија.erdoğan ve putin TürkAkım töreninde konuştu

По повод завршувањето на изградбата на делот од гасоводот Турски тек кој што поминува под Црното Море денеска во Конгресниот центар во Истанбул со учество и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се одржа церемонија.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата истакна дека проектот Турски тек со кој рускиот гас преку Црното Море и Турција ќе се транспортира во Европа нуди безброј предности не само за Турција, туку и за соседните земји и другите региони.

Велејќи дека проектот Турски тек е дојден до последна фаза од својата изградба, Ердоган рече: „Турски тек располага со безброј предности не само за нашата земја и нашиот народ, туку и за нашите соседи и нашиот регион.“

Тој напомена дека проектот Турски тек ќе почне да функционира по тестирањата кои што ќе се реализираат во 2019 година.

Привлекувајќи внимание на тоа дека Русија е доверлив пријател и значаен снабдувач на природен гас за Турција со кого може да се соработува долги години, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Нашата соработка со Русија напредува во една мошне широка лепеза. Наша цел е со Русија да достигнеме до трговски обем од 100 милијарди долари. Турција од 1987 година досега купила 387 милијарди метри кубни природен гас од Русија, и тоа е показател дека нашите односи во сферата на енергетиката поминале низ секој вид тестирање. Ние рамката на нашите билатерални односи со Русија никогаш не ја одредивме според барањата или наметнувањата на другите земји. Верувам дека нашата солидарност со господинот Путин и рускиот народ ќе стане наговесник на уште поголеми проекти и добри вести за нашите земји.“

Рускиот претседател Владимир Путин пак, во својот говор на церемонијата исто така се осврна на значењето на проектот Турски тек и истакна дека Русија и Турција во текот на долги години како реализираат мошне успешна соработка на полето на енергијата.

Тој рече: „Турски тек ќе ја претвори Турција во значаен центар за природен гас и ќе има позитивно влијание на позицијата на Турција.“

Рускиот лидер укажа на тоа дека без да постои доверба помеѓу двете земји не ќе беше можно да се стави во примена еден ваков проект и му се заблагодари на претседателот Ердоган за како што рече „неговата политичка волја и храброста“. 

По одржаните говори последната цевка од проектот Турски тек која што ќе биде поставена под морето, по директива на двајцата претседатели Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, беше спуштена во Црното Море.

Инаку, гасоводот Турски тек се состои од две гасоводни цевки (траси), од кои секоја располага со капацитет за испорака на по 15,75 милијарди кубни метри природен гас годишно.

Едната гасоводна цевка од гасоводот Турски тек ќе се користи за транспортирање на рускиот природен гас во Турција, а преку втората гасоводна цевка рускиот гас низ територијата на Турција ќе се испорачува во Европа.

 



Слични вести