Ердоган и Трамп остварија телефонски разговор

Претседателот Ердоган и американскиот претседател Трамп синоќа разговараа телефонски и притоа се осврнаа на голем број прашања од билатералните односи, до убиството на саудискиот новинар Кашикчи (Кашоги) и од ФЕТО до борбата против тероризмот во Сирија

Ердоган и Трамп остварија телефонски разговор

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп синоќа остварија телефонски разговор.

Според добиени информации од извори во кабинетот на претседателството, во телефонскиот разговор двајцата лидери освен билатералните односи разменија мислења и во однос на прашања како што беа убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги), истрагите за Фетулахитичката терористичка организација ФЕТО кои што продолуваат во САД, активостите во борбата пртив тероризмот во Сирија и за билатералните економски односи.

Претседателот Ердоган го изрази до претседателот Трамп своето сочувство за загинатите во шумските пожари во сојузната држава Калифорнија.

Двајата лидери постигнаа согласност по прашањето на расветлување на убиството на Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) со сите негови страни, како и да не се дозволи случајот да биде прикриен, а во однос на борбата против сите терористички организации го нагласија значењето од поблиската соработка помеѓу Република Турција и САД.

Ердоган и Трамп го изразија задоволството од започнувањето на заедничките патролирања во рамките на договорената патна карта за Менбич и разговараа по прашањето за што поскоро заокружување на овој процес.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во телефонскиот разговор ги истакна и очекувањата по прашањето на прекинување на помошта на САД на сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.  

Двајцата лидери Ердоган и Трамп во телефонскиот разговор ја потврдија одлучноста за уште повеќе развивање на соработката помеѓу двете земји во секоја сфера.
 



Слични вести