Акар: Очекуваме САД да ја прекинат соработката со терористичката ПКК/ЈПГ

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турција очекува САД да ја прекинат соработката со терористичката организација ПКК/ЈПГ

Акар: Очекуваме САД да ја прекинат соработката со терористичката ПКК/ЈПГ

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во говорот што го одржа во градот Халифакс во Канада каде што отпатува по повод Меѓународниот форум за безбедност, ја изнесе вознемиреноста од снимките на кои се гледа како американските војници се состануваат со терористите на ПКК/ЈПГ.

Акар истакна дека Турција очекува САД да ја прекинат соработката со терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Хулуси Акар рече: "Од САД како што ветија очекуваме да ја прекинат соработката со терористичката организација ЈПГ. И покрај тоа што во голема мера е неутрализирана терористичката организација ДЕАШ, САД се уште со камиони и авиони и доставуваат оружје и муниција  на терористичката организација ЈПГ. Не е можно да го прифатиме тоа. Никогаш нема да дозволиме да се формира терористички коридор на нашата јужна граница."

Хулуси Акар во својот говор направи проценка и на барањето за испорачување на челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.

Тој потсети дека на САД им се испратени 85 папки и безброј документи во врска со испорачувањето на челникот и членовите на оваа терористичка организација.

Хулуси Акар воедно додаде дека доколку постои потреба за дополнителни податоци Турција е подготвена да ги сподели и нив.

 



Слични вести