Потпретседателот Фуат Октај: Турција со длабоко разочарување ја напушта конференцијата за Либија

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека Турција со длабоко разочарување ја напушта конференцијата за Либија и подвлече дека овие видови состаноци на кои нема да ја има Турција не е можно да придонесат да се постигне решение

Потпретседателот Фуат Октај: Турција со длабоко разочарување ја напушта конференцијата за Либија

Потпретседателот Фуат Октај кој престојува во Италија истакна дека Турција со длабоко разочарување ја напушта конференцијата за Либија која што се одржува во Италија. 

Во дадената изјава по прашањето Октај рече: „За жал меѓународната заедница утрово не можеше да се сплоти. Со нарачка во последната минута некои злоупотребувајќи го италијанското домаќинство извршија еднострана интервенција на процесот. Се додека продолжат активностите на некои земји за осакатување (попречување) на процесот во правец на сопствените интереси не може да се воспостави стабилноста во Либија. Либија има потреба од помала, а не од поголема надворешна интервенција.“

Велејќи дека спротивно на другите земји Турција е отворена за дијалог од широки размери со Либија и со сите регионални актери, Октај рече: „Оние кои имаат одговорност во присутната тешка ситуација во Либија не е можно да дадат било каков позитивен придонес во подобрувањето на ситуацијата во оваа земја.“

Потпретседателот Фуат Октај нагласи дека овие видови состаноци на кои нема да ја има Турција не е можно да придонесат да се постигне решение и рече: „Неофицијалниот состанок што се одржа утрово меѓу некои земји и тоа што тие беа презентирани како главни актери во регионот на Медитеранот, е мошне погрешен и штетен приод на кој што ние остро се противеме. Турција го напушта овој состанок со големо разочарување.“

 

 



Слични вести