Остра реакција од Чавушоглу против недоличните изјави на неговиот француски колега Ле Дријан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан ја пречекори границата и дека треба да знае како да зборува со еден претседател на држава

Остра реакција од Чавушоглу против недоличните изјави на неговиот француски колега Ле Дријан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во дадената изјава во Анталија направи проценка на вчерашните изјави на францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Велејќи дека Ле Дријан ја пречекори границата, Чавушоглу рече: „Францускиот министер за надворешни работи треба да знае како да зборува со еден претседател на држава. И да не ги мешаат своите лидери со Реџеп Тајјип Ердоган.“

Мевлут Чавушоглу напомена дека во различни земји би можело да има различни системи по прашањето на споделување на информации со еден министер за надворешни работи во однос на разузнавачки прашања и дека така и францускиот министер би можел да не располага со инфромации по прашањето (убиството на Кашикчи).

Велејќи „На 24 октомври нашата разузнавачка служба и нашите друга сите податоци (во врска со убиството) кои што ги поседуваме, односно вклучувајќи ги и снимките на нивно барање и ги даде и на француската разузнавачка служба“, Чавушоглу рече: „Повторно тогаш кога разузнавачките служби или надлежните на другите земји побарале да ги видат доказите во врска со убиството на Кашикчи, податоците кои што сме ги собрале, на транспарентен начин ги споделивме и со нив. Додека тоа е така (францускиот министер), би можел да каже дека не знаеа тоа, меѓутоа крајно дрско е да го обвинува нашиот претседател за играње политичка игра. Односно тоа не прилега на една сериозна функција како што е министер за надворешни работи.“ 

„Овие наскоро би можеле, посебно тоа го нагласувам, да го порекнат и убиството на Кашикчи кое и Саудиска Арабија го призна, и немојте да се зачудите од тоа. Во прашање се пари. Добро да се следи кој какви договори склучува во последно време. Наскоро ваквите видови политичари и земји би можеле да го порекнат дури и ова убиство, за жал ситуацијата е таа.“ 

Велејќи дека Турција ќе направи се што е потребно за да се расветли убиството на Кашикчи со сите негови поединости, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „На меѓународен план ние соработуваме со секого и додека целиот свет го цени овој став на Турција, тоа што францускиот министер за надворешни работи изнесе едно вакво обвинување и тоа го направи крајно дрско, тера на сериозно размислување. Што има во позадината на тоа? Дали се обидуваат да го прикријат ова убиство? Ќе го следиме и тоа. Бидејќи постојат и други работи кои што ги знаеме. Какви се договори склучуваат и тоа ќе го следиме од близу.“

Инаку, саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) на 2 октомври отиде во Генералниот конзулат на Истанбул за да земе документ за венчавка по што не можеа да се добијат никакви информации од него и потоа беше обелоденето дека станал жртва на ѕверско убиство во конзулатот.

 



Слични вести