Турските и американските војници го реализираа второто заедничко патролирање во Менбич во Сирија

Турција и САД во рамките на договорената патна карта за подрачјето на Менбич во Сирија денеска го реализираа второто заедничко патролирање

Турските и американските војници го реализираа второто заедничко патролирање во Менбич во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС) и воените едници на САД во рамките на патната карта за подрачјето на Менбич во Сирија го реализираа второто заедничко патролирање во подрачјето.

Според добиени информации, турските и американските војници своите активности ги реализираат во околината на реката Саџу која што ги одделува една од друга фронтовата линија на Менбич со населеното место Џераблус во подрачјето на операцијата Еуфратски штит.

Воените единици на двете земји првото заедничко патролирање го реализираа на 1 ноември.

Турција и САД на 4 јуни постигнаа согласност за повлекување на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од подрачјето на Менбич, западно од реката Еуфрат во северниот дел на Сирија, инаку подрачје кое што го окупира оваа терористичка организација.

Патната карта предвидува по 4 јуни во рок од 3 месеци да бидат завршени заедничките патролирања, припадниците на ЈПГ/ПКК целосно да бидат извадени од подрачјето вклучувајќи ги и оние внатре во населеното место Менбич, а потоа повторно да бидат реструктуирани воените и цивилните власти во населеното место.

Американската страна уште на самиот почеток на патната карта со изнесување на различни технички причини стана причина за долго задоцнување во започнувањето на овие заеднички патролирања.

САД, на 2 ноември пак почнаа да патролираат заедно со припадниците на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во должина на североисточните граници на Сирија.

Во врска со заедничкото патролирање на САД и ЈПГ/ПКК, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Освен тоа што не е можно да го прифатиме тоа ваквата состојба ќе стане причина за сериозни негативности на границата.“

 



Слични вести