Ердоган: „Дојдете на осомничените за убиството на Кашикчи да им се суди во Истанбул?“

Пред новинарот Џемал Кашикчи да влезе во зградата на конзулатот, во зградата влезе екипа од 15 лица составена од генерали, форензичари и разузнавачи која по убиството, се обиде да ги крене доказите од местото на настанот

Ердоган: „Дојдете на осомничените за убиството на Кашикчи да им се суди во Истанбул?“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган упати повик до саудиските власти кој гласи:

„Дојдете на осомничените за убиството на Кашикчи да им се суди во Истанбул.“

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АКП) Реџеп Тајип Ердоган одржа говор на седницата на пратеничката група во Големото национално собрание на Турција.

Претседателот Ердоган во говорот направи сеопфатна проценка на убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи за кој конечно е утврдено дека беше убиен во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Ако се осврнеме на случајот, можеме да видиме дека убиството е извршено плански, потсети Ердоган посочувајќи на фактот дека пред новинарот Џемал Кашикчи да влезе во зградата на конзулатот, во зградата влезе екипа од 15 лица составена од генерали, форензичари и разузнавачи која по убиството, се обиде да ги крене доказите од местото на настанот.

Властите на Саудиска Арабија најпрвин ги одбија тврдењата за убиството на Кашикчи, но по утврдувањето на доказите, беа принудени да го прифатат убиството, рече Ердоган.

Доказите покажуваат дека новинарот Кашикчи беше убиен на свиреп начин. Тајноста на деталите ќе предизвикаат болка за човештвото. Саудиска Арабија со прифаќање на убиството фрли значаен чекор напред, рече Ердоган.

На телефонскиот разговор со кралот Селман Бин Абдулазиз, кралот ми рече дека биле уапсени сите 18 лица кои биле вмешани во случајот.

Денес од тука го повикувам кралот и високото раководство. Ви рпедлагам на 18-те лица кои се уапсени да им се суди во Истанбул, градот каде што беше извршено злосторството, рече Ердоган.

Претседателот Ердоган потенцираше на значењето на одржувањето на истрагата и судењето пред непристрасна и праведна комисија и порота, која нема никаква поврзаност со убиството.

Земајќи го во предвид фактот дека ова е политичко убиство, ако има, во истрагата да се вклучат и соучесниците од другите земји, рече Ердоган.

Во освртот на 15-те прашања во врска со убиството, Ердоган рече:

„Зошто наведените 15 лица на денот на убиството се собраа во Истанбул? Наведените лица од кого зедоа наредба да дојдат во Истанбул? Зошто зградата на конзулатот беше отворена за истрага неколку дена по убиството, а не беше веднаш отворена? Зошто беа дадени неконзистентни изјави во врска со убиството кога беше очигледно дека станува збор за убиство? Зошто сеуште го нема трупот на убиеното лице? Ако се точни изјавите дека трупот беше даден на еден локален соработник, кој е локалниот соработник?“

Никој не треба да помисли дека без да се најде одговор на овие прашања, предметот ќе може да се затвори. Информациите, податоците и доказите што ги поседуваат безбедносните сили укажуваат дека случајот бил извршен плански. Префрлувањето на вината на случајот на неколку приврзаници на безбедносните сили и разузнавачката служба нема да го задоволи јавното мнение. Совеста на човештвото ќе биде задоволена единствено ако се праша сметка од наредбодавачот до извршителите и сите учесници.



Слични вести