Орден на Републиката од Молдавија на претседателот Ердоган

Орденот беше доделен за придонесот во унапредување и развој на пријателските односи меѓу двете земји во различни полиња како и поддршката на претседателот Реџеп Тајип Ердоган

Орден на Републиката од Молдавија на претседателот Ердоган

Во рамките на посетата на Молдавија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган му беше врачен Орден на Републиката.

Претседателот на Молдавија Игор Додон во знак на благодарност за придонесот во унапредувањето и развојот на пријателските односи меѓу двете земји во различни полиња како и поддршката на претседателот Реџеп Тајип Ердоган му врачи Орден на Републиката.

Во соопштението кое беше објавено од страна на канцеларијата на претседателството на Молдавија беше истакнато дека по наредба на претседателот на Молдавија, по повод посебните заслуги за развој на односите меѓу двете земји, на претседателот Реџеп Тајип Ердоган му беше врачен Орден на Републиката.

Во соопштението беше истакнато дека Орденот на Републиката се доделува на лидерите, министрите и амбасадорите на земјите кои што имаат улога во зајакнувањето на пријателските односи меѓу земјите како и зближувањето на народите.

Позлатениот метален орден се доделува на иницијатива на Владата и Претседателот.

Нешто потоа двајцата лидери го потпишаа договорот со кој се предвидува граѓаните на двете земји наместо пасош да патуваат со лични карти.

Претседателите Ердоган и Додон учествуваа на свеченото отворање на спомен-каменот кој беше изграден од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

На спомен-каменот кој се наоѓа во дворот на претседателството пишува: „Зградата на претседателството на Република Молдавија беше обновена под покровителство на претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган и со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)“.

Двајцата претседатели фрлија земја и ги полеаа чинарите и црвените дабови кои беа засадени во нивно име.



Слични вести