Ѓул: „Истрагата со случајот кашикчи се води многу детално и длабоко“

Еден управен орган не може така лесно да донесе одлука за влез во зградата на генералниот конзулат на една друга земја

Ѓул: „Истрагата со случајот кашикчи се води многу детално и длабоко“

Министерот за правда на Абдулхамит Ѓул рече дека Турција води внимателна и успешна истрага во врска со исчезнувањето на новинарот Џeмал Кашикчи.

Министерот Ѓул беше гостин на уредничката маса во седиштето на АА во Анкара и одговараше на прашањата во врска со истрагата што се спроведува во врска со саудискиот новинар Џемал Кашикчи кој исчезна на 2 октомври, откако на 2 октомври последен пат беше виден како влегува во зградата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Потсетувајќи дека саудискиот новинар Кашикчи исчезнал на 2 октомври, откако влегол во комлексот на саудискиот Конзулат во Истанбул, министерот Ѓул истакна дека ресорните турски институции внимателно и активно ги следат случувањата и водат истрагата во согласност со меѓународното право и договори.

„Истрагата ја води Републичкото јавно обвинителство на Истанбул.  Не треба да се заборави фактот дека истрагата е тајна. Од политички аспект може да се каже дека е проследен отворен и транспарентен процес.Најзначајно во сето тоа е обелоденувањето на случајот, рече Ѓул.

Зградата на Генералниот конзулат не е било кое место и со Виенската конвенција точно е дефинирано како треба да се води процесот.

Еден управен орган не може така лесно да донесе одлука за влез во зградата на генералниот конзулат на една друга земја. Во договорот постојат изрази како што се пожар, непогода. Судската истрага веднаш започна. За започнување со претрес на зградата на Конзулатот почекавме одобрение од Саудиска Арабија. МНР ги реализраше потребните дописи. Дури по одговорите можевме да започнеме со истрагата. Случајот го истражуваат надлежните правосудни органи. Истрагата се води многу внимателно и продлабочено.

Продолжуваат преговорите со надлежните органи на Саудиска Арабија како што се полицијата и другите. За жал се соочуваме со одредено задоцнување, рече Ѓул.



Слични вести