Претседателот Ердоган престојува во официјална посета на Молдавија

На средбите се очекува да се постигне договор за зголемување на досегашниот обем на трговска размена меѓу двете земји од 500 милиони долари на 1,5 милијарда долари

Претседателот Ердоган престојува во официјална посета на Молдавија

На покана на претседателот на Молдавија Игор Додон претседателот Реџеп Тајип Ердоган престојува во официјална посета на оваа земја.

Претседателот Ердоган и сопругата Емине Ердоган на аеродромот Кишинев беа пречекани од страна на претседателот на Молдавија Игор Додон и сопругата Галина Додон.

Во придружба на делегацијата на претседателот Ердоган во Молдавија заминаа и министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за национално образование Зија Селчук, министерот за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Турхан, министерот за младина и спорт Мехмет Касапоглу.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на претседателскиот прес-центар беше истакнато дека во рамките на дводневната посета на Молдавија, претседателот Ердоган ќе оствари тет-а тет средба со претседателот на Молдавија Додон а исто така ќе претседаваат со меѓуделегациските преговори.

На средбите се очекува да се постигне договор за зголемување на досегашниот обем на трговска размена меѓу двете земји од 500 милиони долари на 1,5 милијарда долари како и чекорите за поттикнување на турските инвеститори да инвестираат во Молдавија.

Претседателите Ердоган и Додон ба средбите ќе разменат мислења во врска со можностите за унапредување и развој на билатералните односи, регионалните прашања, борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и тероризмот.

Ердоган Во Кишинев ќе учествува на свеченото отворање на зградата на претседателскиот дворец која беше оштетена за време на обидот за државен удар во 2009 година, а која беше реставрирана од страна на Турција.

Во рамките на посетата на Молдавија Ердоган се очекува да оствари средби со претставниците на 213 турски фирми кои во Молдавија имаат инвестиции во износ од околу 350 милиони долари.

Меѓудругото претседателот Ердоган ќе ги отвори градинките во Автономната покраина Гагаузија во која наставата се одржува на два јазици гагауски и молдовски.

Ердоган и Додон последен пат по телефон се слушнаа во јули кога двајцата лидери постигнаа консензус за зајакнување на односите во сите полиња.



Слични вести