Во периодот од 5 до 12 октомври, за една недела се неутрализирани вкупно 38 терористи

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во последната една недела се неутрализирани вкупно 38 терористи од кои 11 внатре во земјата, а 27 надвор преку границата

Во периодот од 5 до 12 октомври, за една недела се неутрализирани вкупно 38 терористи

Борбата против тероризмот продолжува со оглучност како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата.

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во последната една недела се неутрализирани вкупно 38 терористи од кои 11 внатре во земјата, а 27 надвор преку границата.

Во периодот од 5 до 12 октомври беа реализирани операции на области кои од страна на терористичката организација се користат како места за засолнување и премин и префрлување преку границата.

Во тие рамки операциите беа интензивирани во подрачјата на градовите Ширнак, Сиирт, Дијарбакир, Агри, Мардин, Ван и во руралните подрачја во северниот дел на Ирак.

Од друга страна успешно продолжува и операцијата на Турските вооружени сили (ТВС) Маслиново гранче во подрачјето на Африн во северниот дел на Сирија.  

Вкупниот број на неутрализирани терористи од почетокот на операцијата на 20 јануари досега изнесува 4.585.

 



Слични вести