Состанок на Извршниот комитет за одбранбена индустрија под претседателство на Ердоган

По состанокот на кој беа разгледани проектите за додавање новини на домашните и национални системи со кои што ефикасноста на безбедносните единици се покачува на повисоко ниво, беше објавено писмено соопштение

Состанок на Извршниот комитет за одбранбена индустрија под претседателство на Ердоган

Вчера во претседателската палата (Куллијето) во Бештепе во Анкара под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа состанок на Извршниот комитет за одбранбена индустрија.

По состанокот на кој беа разгледани проектите за додавање новини на домашните и национални системи со кои што ефикасноста на безбедносните единици се покачува на повисоко ниво, беше објавено писмено соопштение. 

Според тоа, на состанокот беа разгледани проектите за додавање новини на домашните и национални системи со кои што ефикасноста на безбедносните единици се покачува на повисоко ниво, кои реализираат успешни операции за воспоставување на безбедноста како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата.

Притоа беа донесени одлуки во врска со низа активности за инвестирање и подобрување-усовршување, а со цел развивање, зајакнување, поддршка и извоз на производите на одбранбената индустрија и технологијата во сферата на одбраната.

Во тие рамки беа разгледани проектите во правец на започнување на проектот за усовршување на хеликоптерите Атак, беспилотните летала ИХА и наоружените беспилотни летала СИХА, поморските и копнените возила, системите за електронско војување и за радио-електронско војување, т.ј. електронско блокирање, развивање на различна умна муниција и системи на оружје и обезбедување на различни потреби на безбедносните единици.

 

 



Слични вести