Саудиската делегација за обелоденување на случајот со саудискиот новинар Кашикчи пристигна во Анкара

Саудиската делегација која допатува во Анкара, на крајот на неделата се очекува да оствари разговори со турските функционери за обелоденување на случајот со исчезнувањето на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги)

Саудиската делегација за обелоденување на случајот со саудискиот новинар Кашикчи пристигна во Анкара

Делегација на Саудиска Арабија пристигна во Турција во рамките на започнатата истрага во врска со случајот со исчезнувањето на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

Саудиската делегација која допатува во Анкара, на крајот на неделата се очекува да оствари разговори со турските функционери.

Саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) кој има дадено големи придонеси за весникот "Ал Ватан" како значајна платформа за саудиските реформисти, беше колумнист на американскиот весник "Вашингтон пост" и воедно беше едниот од најефикасните новинари на Блискиот исток. Тој на 2 октомври влезе во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул и потоа наеднаш исчезна, не можеа да се добијат никакви информации и беше изгубена секаква трага од него.

Турски полициски извори потврдѕваат дека новинарот Џемал Кашикчи откако влегол во Генералниот конзулат на Саудиска Аранија не излегол од таму, а воедно ги споделија и информациите околу тоа дека во истиот тој термин (истите часови) во зградата на генералниот конзулат се наоѓале и 15 саудиски државјани кои во Истанбул дошле со два специјални авиони и меѓу кои се наоѓале високи саудиски функционери експерти за судска медицина, разузнавање, испитување и воени лица, така да овие лица потоа заминале од Истанбул.

Во меѓувреме продолжува и истрагата која што беше започната од страна на Републичкото Главно Јавно Обвинителство на Истанбул во врска со случајот со исчезнување на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги).

 



Слични вести