Ердоган: Ќе бидат целосно уништени терористичките гнезда и источно од реката Еуфрат во Сирија

Претседателот Ердоган истакна дека безбедносните сили им нанесуваат тешки удари на припадниците на терористичката организација и дека ќе бидат целосно уништени терористичките гнезда и во подрачјето источно од реката Еуфрат во Сирија

Ердоган: Ќе бидат целосно уништени терористичките гнезда и источно од реката Еуфрат во Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на доделување на сертификатите на курсиерите за командоска обука на професионалните војници во градиот Испарта.

Ердоган истакна дека безбедносните сили им нанесуваат тешки удари на припадниците на терористичката организација ПКК внатре во границите на земјата и надвор преку границата во досега невиден степен и напомена дека ќе бидат целосно уништени терористичките гнезда и во подрачјето источно од реката Еуфрат во Сирија.

Претседателот Ердоган рече: „Иншаллах (со помош на Аллах) во најскоро време со поддршка и на нашите командоси кои денеска ги добиваат своите сертификати ќе ги уништиме и терористичките гнезда источно од реката Еуфрат.“ 

Осврнувувајќи се и на обидот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули 2016 година за преврат, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Некои помислуваа дека Турските вооружени сили (ТВС) ги довеле во состојба да не можат да се кренат на нозе, меѓутоа оние кои сега гледаат дека Тие се стекнаа со својата вистинска сила, се уште не можат да ја отфрлат од себе зачуденоста од тоа.“

Ердоган истакна дека Турција во последно време беше подложена на низа шпекулативни напади, но нагласи дека овие напади не го променија фактот оти Турција е 13-сета по големина земја според паритетот на куповна моќ и 17-сета земја според бруто националниот доход во светот.

„Без оглед на препреките кои што се поставуваат пред нас или ќе изнајдеме одреден пат или ќе изградиме одреден пат и сигурно ќе ги надминеме“, - рече претседателот Ердоган.

Тој својот говор го продолжи со следните зборови: „На оние кои ветувањата кои што и ги дадоа на нашата земја не ги одржаа поради навистина смешни причини и на оние кои исто така поради мошне смешни причини се обидоа да спроведат санкции кон нас, ќе им покажеме дека вистинските губитници ќе бидат тие самите. Како одговор на секоја врата што се затвора пред нас ќе отвориме десет нови врати, како одговор на секоја тешкотија што се поставува пред нас ќе ставиме во примена десет нови олеснувања и ќе продолжиме да ги ставаме во примена нашите инвестирања и да ја воздигнуваме нашата економија.“ 

 



Слични вести