Американскиот свештеник Брансон доби затворска казна, но поради одлежаното време е ослободен

Судот за тешки кривични дела број два во Измир  на американскиот свештеник Ендрју Брансон му изрече казна затвор во времетраење од 3 години 1 месец и 15 дена, но поради одлежаното време во затвор е ослободен

Американскиот свештеник Брансон доби затворска казна, но поради одлежаното време е ослободен

Американскиот свештеник Ендрју Брансон е осуден на затворска казна од 3 години 1 месец и 15 дена, и му се укинати домашниот затвор и забраната за излегување во странство.

Брансон денеска се појави по четврти пат пред судот во Измир.

Тој се обвинуваше за извршени кривични дела и вршење шпиунажа во име на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и сепаратистичко-терористичката организација ПКК поради што обвинителството бараше да биде осуден на 35 години затвор. Додека беше во затвор оваа негова затворска казна беше преиначена во домашен затвор.  

На денешното рочиште од продолжението на судскиот процес што се одржа во Судот за тешки кривични дела број два во Измир  на американскиот светштеник Ендрју Брансон му беше изречена казна затвор во времетраење од 3 години 1 месец и 15 дена.

Оваа казна на Брансон на кого му беа укинати и домашниот затвор и забраната за излегување во странство, му е пресметана во времето поминато во затвор (одлежаното рвеме) и Тој е ослободен.

Адвокатот на Брансон во врска со одлуката на судот истакна дека не ја прифаќаат изречената пресуда (затворската казна) и дека ќе го искористат своето право на обжалување на ваквата пресуда.

Веднаш по соопштувањето на изречената пресуда во судскиот процес во врска со американскиот свештеник Ендрју Брансон, американскиот претседател во својата објава на Твитер напиша: „Во врска со пасторот Брансон работевме многу напорно.“

Потоа Трамп сподели уште една објава на Твитер во која што овојпат напиша: „Моите мисли и молитви се со пасторот Брансон. Во кусо време сакаме него да го видиме дома.“

 



Слични вести