Во вооружена престрелка во Варто кај Ван се неутрализирани 5 терористи на ПКК

Во близина на населеното место Варто кај градот Ван дојде до вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и група терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК при што беа убиени 5 мина терористи

Во вооружена престрелка во Варто кај Ван се неутрализирани 5 терористи на ПКК

Во вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и група терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во близина на населеното место Варто кај градот Ван во близина на турско-иранската граница, во источниот дел на земјата се неутрализирани 5 мина терористи.

Во објавеното соопштение од Губернијата на Ван се истакнува дека за време на операциите на припадниците на Командата на жандармеријата на градот беа добиени информации за тоа дека во селото Јиланли кај населеното место Варто се забележани припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, по што беа испратени безбедносни сили во областа.

Од сомнително возило кое не застанало на предупредувањето на безбедносните сили беше отворен оган со автоматско оружје на што во ист момент одговорија и безбедносните сили.

Притоа во вооружената престрелка до која дојде помеѓу безбедносните сили и терористите  беа убиени 5 мина припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од кои две жени и тројца мажи.

Во соопштението од Губернијата се нагласува дека за воспоставување на јавниот ред и безбедноста на народот борбата против тероризмот во подрачјето на градот ќе продолжи со одлучност.

 



Слични вести