Министерот за надворешни работи Чавушоглу во посета на Ирак

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на главниот град на Ирак, Багдад се состана со Адил Абдулмехди кој беше назначен за мандатор за формирање на новата ирачка влада.

Министерот за надворешни работи Чавушоглу во посета на Ирак

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу отпатува во посета на Ирак.

Чавушоглу на меѓународниот аеродром во Ирак беше пречекан од страна на вршителот на должноста ирачки министер за надворешни работи Хазим Јусуф.

На дочекот присуствуваше и амбасадорот на Турција во Багдад Фатих Јилдиз.

Потоа министерот Мевлут Чавушоглу се состана со Адил Абдулмехди кој беше назначен за мандатор за формирање на новата ирачка влада.

Средбата помеѓу Чавушоглу и Абдулмехди се одржа во Зелената зона во Багдад и беше затворена за медиумите.

Потоа министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Ирак се состана и со лидерот на Движењето национална мудрост Амар ел-Хеким.

Средбата Чавушоглу-Хеким во ирачкиот главен град Багдад беше затворена за медиумите. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата посета на Ирак се очекува да се состане и со новоизбраниот ирачки претседател Бархам Салих, премиерот Хајдар ел-Ибади, претседателот на Парламентот Мухамед ел-Халбуси, лидерот на организацијата Бедир Хади ел-Амири, други високи ирачки функционери и со претставниците на Туркменците во Ирак.

По остварените средби и разговори во Багдад Чавушоглу се очекува да замине за градот Наџаф и овде да се состане со лидерот на шиитското Движење Садр Муктеда ес-Садр.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Наџаф ќе го псоети и турбето на Хазрети Али.

 



Слични вести