Ердоган: СБ на ОН е претворен во структура во услуга на интересите на 5 членки со право на вето

Претседателот Ердоган во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН истакна дека Советот за безбедност е претворен во структура која е во услуга на интересите на 5 членки кои имаат право на вето и кои остануваат набљдувчи

Ердоган: СБ на ОН е претворен во структура во услуга на интересите на 5 членки со право на вето

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обаќање што го одржа на генералната дебата на 73. заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации (ОН) уште еднаш рече „Светот е поголем од 5“ со што стана гласот на совеста на сите луѓе во светот.

Ердоган своите критики кон инстутиционалната структура на Обединетите нации (ОН) ги изнесе директно пред лидерите на земјите членки на светската организација. 

Велејќи „Советот за безбедност на ОН е претворен во структура која е во услуга на интересите на 5 членки кои имаат право на вето и кои остануваат набљудувачи на зулумот (суровоста) што се врши“, претседателот Ердоган во свото обраќање ја постави на мета и управата на САД и ја критикуваше нејзината Блискоисточна политика.

Тој рече: „Оние кои остануваат неми пред зулумот што се врши врз Палестинците, обидите за укинување на помошта што им се доставува, само ја зголемуваат храброста на суровите.“

Претседателот Ердоган ги предупреди САД преку сепаратистичко-теористичката организација ПКК и рече „Оние кои за своите тактички интереси (во Сирија) ги опремуваат со оружје терористите со илјадници шлепери, илјадници карго авиони, во иднина сигурно ќе ја трпат болката на тоа.“ 

Ердоган до САД кои му пружаат уточиште на своите територии на терористичкиот водач на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО го достави и следното предупредување: „ФЕТО само во 27 американски сојузни држави преку своите чартер школи годишно од државниот буџет добива 763 милиони долари.“

„Нејзиниот водач (ФЕТО) во моментов е во САД, во Пенсилванија. Живее на посед со површина од 400 хектари, оттука извезува тероризам во 160 земји во светот.“ - подвлече Ердоган. 

Претседателот Ердоган во своето обраќање неправдите на планетата земја ги постави на дневниот ред пред светските лидери изнесувајќи впечатливи примери и рече: „Денеска ако капиталот на 62 најбогати луѓе во светот е еднаков на капиталот на речиси половината од населението во светот односно на 3,6 милијарди луѓе, значи дека тука постои проблем. Ако на различни постори во светот 258 милиони луѓе тргнуваат на пат за да би живееле во почовечки услови, ако 68 милиони луѓе насилно се принудуваат да ги напуштат своите домови, значи дека тука постои проблем. Ако веројатноста од смрт кај едно бебе кое се раѓа во Африка е за 9 пати поголема од едно бебе кое се раѓа во овој град (Њујорк), значи дека тука постои проблем.“

Претседателот Ердоган во своето обраќање ги објасни и напорите на Турција за решавање на сириската криза.

Нагласувајќи дека Турските вооружени сили (ТВС) подрачјата на Џераблус и Раи ги исчистија од ДЕАШ, а подрачјето на Африн го исчистија од терористичката организација ПКК-ПЈД-ЈПГ и територијата од  4 илјади квадратни километри ги доведоа во безбедно и мирно место за милиони Сиријци, Ердоган напомена дека Турција за сириските бегалци досега потроши 32 милијарди долари. 

„Наспроти тоа поддршката што ја добивме од надвор е 600 милиони долари од меѓународните организации, од САД до моментов доставениот износ е некаде околу 1,7 милијарди евра.“ - рече Ердоган.

Претседателот Ердоган повика ОН да бидат доведени во состојба на застапници и имплементирачи на очекувањата на човештвото од правда и напомена дека е на страната на решавање на сите проблеми со конструктивен дијалог.  

Велејќи дека треба да се работи заедно за да се спречи нарушувањето на светскиот трговски поредок со еднострани одлуки, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган своето обраќање пред Генералното Собрание на ОН го заврши со следниот повик: „Ние како Турција предлагаме за што е можно поскоро време да се формира Младинска организација на ОН со седиште во Истанбул.“ 

 



Слични вести