Калин: Во мошне скоро време ќе започнат заедничката обука и патролирањето со САД во Менбич

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин, истакна дека Турските вооружени сили (ТВС) во мошне скоро време  ќе ги започнат заедничките активности за обука и патролирање со американските сили во подрачјето на Менбич во Сирија

Калин: Во мошне скоро време ќе започнат заедничката обука и патролирањето со САД во Менбич

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, одржа прес-конференција во претседателската палата во Бештепе во Анкара истакна дека Турција очекува патната карта за Мебнич да се имплементира онака како што е планирано без да дојде до било какво доцнење.

Калин напомена дека Турските вооружени сили (ТВС) во мошне скоро време  ќе ги започнат заедничките активности за обука и патролирање со американските сили во подрачјето на Менбич во Сирија.

Велејќи дека патната карта за Менбич е значаен договор и дека Турција ќе остане приврзана кон овој договор и ќе го направи неопходното, Ибрахим Калин рече: „Меѓутоа истовремено тоа што продолжува и ангажманот на американската управа со ЈПГ и ПЈД (сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК), претставува извор на сериозна загриженост за нас. Не е можно да се прифати тоа што од една страна се применува патната карта за Менбич, а од друга продолжува да и се дава поддршка во секој вид оружје и финансиска, политичка и медиумска поддршка на ЈПГ и ПЈД. При крај се работите за реализација на заедничко патролирање во Менбич. Турските вооружени сили (ТВС) тоа го координираат на терен со своите американски колеги. Во мошне скоро време ќе започнат активностите и за заедничка обука и за заедничко патролирање.“

Подвлекувајќи дека нема да биде праведно и правилно целиот товар во борбата против тероризмот по прашањето со Сирија и Идлиб да се наметне на плеќите на Турција, Калин нагласи дека тоа е неприфатливо.

Во врска со 12-те набљудувачки пунктови кои што ги формира Турција во подрачјето на градот Идлиб пак Ибрахим Калин објасни дека ќе продолжат да се фрлаат неопходните чекори за испраќање на дополнителна воена опрема и војници.

Калин воедно појасни дека Националната разузнавачка служба (МИТ), Турските вооружени сили (ТВС) и Специјалните сили во координација и заедно со Русите работата на теренот по прашањата на тоа како ќе се формира демилитаризираната зона во просторот на длабочина од 15-20 километри во подрачјето на Идлиб, како од овде ќе бидат извадени или пасифизирани другите терористички елементи и како ќе се овозможи овие групи да го остават оружјето.

Велејќи дека со одлучност ќе продолжат операциите кои што ги реализираат Националната разузнавачка служба (МИТ) и надлежните државни институции за безбедност против терористичките организации надвор од земјата преку границите, портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин рече: „Без оглед на тоа за која терористичка организација станува збор и за какви методи кои што ги применува, без оглед на тоа со кого соработува на терен, злосторствата што ги извршува против Турција никако нема да останат без одговор и без казна.“



Слични вести