Во Егејското Море во близина на Ајваџик кај Чанаккале фатени 105 илегални имигранти

Екипите на крајбрежната стража во Егејското Море во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале фатија 105 илегални имигранти кои се обидувале по незаконски патишта да преминат на грчкиот остров Лесбос (турски Мидилли)

Во Егејското Море во близина на Ајваџик кај Чанаккале фатени 105 илегални имигранти

Во Егејското Море во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале се фатени 105 мина илегални имигранти кои се обидувале по незаконски патишта да преминат на грчкиот остров Лесбос (турски Мидилли).

Екипите на крајбрежната стража кои реализирале контроли во врска со незаконските премини установиле две групи илегални имигранти кои од месноста Девебоју и 'ртот Сивриџе кај населеното место Ајваџик отпловиле со гумени чамци.

Притоа во реализираната операција беа фатени 105 мина илегални имигранти со авганистанско државјанство меѓу кои имаше и жени и деца.

Фатените илегални имигранти беа донесени во полициската станица на крајбрежната стража во Кучуккују и по овдешните реализирани законски постапки му беа предадени на Центарот за депортирање во Ајваџик.



Слични вести