Со новите законски измени странците ќе можат полесно да добијат турско државјанство

Според одлуката објавена во Службениот весник, минималниот износ на потребна недвижнина за добивање турско државјанство за странците кои располагаат со недвижнини во Турција од досегашните 1 милион долари е намален на 250 илјади долари

Со новите законски измени странците ќе можат полесно да добијат турско државјанство

Направени нови измени во Законот за државјанство на Република Турција за добивање турско државјанство на странците.

Износот на фиксен капитал кој што се предвидува за стекнување со право за добивање на турско државјанство од 2 милиони долари е намален на 500 илјади долари.

Освен тоа според одлуката објавена во Службениот весник, минималниот износ на потребна недвижнина за добивање турско државјанство за странците кои располагаат со недвижнини во Турција од досегашниот 1 милион долари е намален на 250 илјади долари.   

Воедно изразот „вработување на најмалку 10 лица“ кој се наоѓа меѓу условите за стекнување со право за добивање на турско државјанство е изменeт како „вработување на најмалку 50 лица“.

Исто така и износот на банкарски влог (депозит) во Турција за стекнување со право за добивање турско државјанство од 3 милиони доалри е намален на 500 илјади долари.



Слични вести