Во Башкале кај градот Ван фатени 118 илегални имигранти

Екипите на командата на жандармеријата во населеното место Башкале кај градот Ван во источниот дел на земјата во непосредна близина на иранската граница, фатија 118 илегални имигранти за кои е установено дека дошле по незаконски патишта

Во Башкале кај градот Ван фатени 118 илегални имигранти

Во населеното место Башкале кај градот Ван во источниот дел на земјата се фатени 118 илегални имигранти за кои е установено дека дошле по незаконски патишта. 

Екипите на командата на жандармеријата во населеното место Башкале за време на патролирањето во месноста Сарису во маалото Ешмепинар во непосредна близина на иранската граница сопреа група лица кои се движеа пешки.

Притоа за време на контролите беше установено дека 118-те илегални имигранти со авганистанско и пакистанско државјанство, од кои 13 деца, влегле во земјата по незаконски патишта.

Фатените илегални имигранти беа однесени во командата на жандармеријата во населеното место каде што им беше раздадена храна и вода, по што поминаа од здравствена контрола во Државната болница во Башкале и оттаму беа испратени во Управата за миграција во градот Ван.



Слични вести