Состанок за Идлиб во Истанбул меѓу високи претставници од Турција, Русија, Германија и Франција

На состанокот Турција ја претставува портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и се разговара за прашања посветени на тоа како би можело да се изнајде решение за проблемот со Идлиб без да дојде до судири

Состанок за Идлиб во Истанбул меѓу високи претставници од Турција, Русија, Германија и Франција

Турција ги продолжува активностите за спречување на нападите на режимот на Бешар Асад врз подрачјето на градот Идлиб во Сирија.

Во тој контекст денеска во Истанбул се состануваат високи претставници од Турција, Русија, Германија и Франција.

На состанокот Турција ја претставува портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и се разговара за прашања посветени на тоа како би можело да се изнајде решение за проблемот со Идлиб без да дојде до судири.

На состанокот се очекува да бидат направени и подготовките за лидерскиот самит за кој што се планира да се одржи во наредните денови меѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Состанокот се одржува во работната канцеларија во сарајот Долмабахче во Истанбул и е затворена за претставниците на печатот.



Слични вести