Претседателот Ердоган во понеделник во Сочи ќе разговара со Путин за Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 17 септември во понеделник ќе замине за Русија каде што во градот Сочи на брегот на Црното Море ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин

Претседателот Ердоган во понеделник во Сочи ќе разговара со Путин за Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на состанокот на претседателите на градските организации на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) во проширен состав.

Ердоган во својот говор нагласи дека цивилите кои живеат во подрачјето на градот Идлиб во Сирија се соочуваат со опасност од масакрот на Русија и сирискиот режим и истакна дека затоа за разгледување на ова прашање ќе замине за Русија на средба со својот колега Владимир Путин.

Пред тоа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека претседателот Ердоган на 17 септември во понеделник ќе разговара со Путин за прашањето со Сирија.

Чавушоглу кој престојува во официјална посета на Пакистан се состана со својот пакистански колега Шах Махмуд Курејши со кого потоа одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот.

Притоа Мевлут Чавушоглу нагласи дека најјасната и предвидлива политика во врска со прашањето со Идлиб и општо во Сирија ја следи Турција и напомена дека Турција посакува мировно и политичко решение во Сирија.

Подвлекувајќи дека Турција вложи многу големи напори во Астана и Женева за изнаоѓање решение, Чавушоглу истакна дека исто така Таа е одлучна и во борбата против тероризмот кој и се заканува на иднината на Сирија.

Чавушоглу рече: „По прашањето на борбата против терористичките организации сме подготвени за соработка со секого, меѓутоа убиството на цивилите, жените, децата, на сите под рувото на борбата против терористите не е човечки и правилно. Не можеме да донесеме мир и спокојство на тој начин.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напомена дека Турција ќе ги продолжи своите контакти по ова прашање и рече: „Во понеделникот претседателот Ердоган ќе оствари уште една средба со Путин. Овие наши напори ќе ги продолжиме и во Обединетите нации (ОН). Впрочем на овие напори на Турција пристигнува целосна поддршка од целиот свет и од сите институции.“



Слични вести