Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во посета на Азербејџан

Претседателот Ердоган утре во Азербејџан ќе учествува на церемониите што ќе се организираат по повод 100-годишнината од формирањето на Кавкаската исламска армија и ослободувањето на азербејџанскиот главен град Баку

Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во посета на Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе отпатува во посета на Азербејџан каде што ќе учествува на церемониите по повод 100-годишнината од ослободувањето на главниот град Баку на оваа братска земја.

Според објавеното соопштение од прес-центарот на претседателот, претседателот Ердоган утре ќе оствари официјална посета на Азербејџан каде што ќе учествува на церемониите што ќе се организираат по повод 100-годишнината од формирањето на Кавкаската исламска армија и ослободувањето на азербејџанскиот главен град Баку. 

На средбите и разговорите кои што ќе бидат оствареи во рамките на оваа посета се предвидува да бидат разгледани чекорите кои што би можеле да бидат фрлени за унапредување до уште повисоко ниво на стратешките односи и соработката со Азербејџан.



Слични вести