Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на Пакистан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу своите значајни пораки од Исламабад ги даде на одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот со својот пакистански колега Махмуд Курејши, додека другите средби беа затворени за печатот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на Пакистан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во еднодневна официјална посета на Пакистан се состана со претседателот на оваа земја Ариф Алви, министерот за надворешни работи Шах Махмуд Курејши и командантот на пакистанските копнени сили Камар Џавит Бажва. 

Чавушоглу своите значајни пораки од Исламабад ги даде на одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот со својот пакистански колега Махмуд Курејши, додека другите средби беа затворени за печатот.

На приемот на Чавушоглу кај пакистанскиот претседател Ариф Алви биле разменети мислења во врска со односите помеѓу двете земји и взаемните посети кои што ќе бидат остварени во наредниот период.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по приемот кај претседателот Алви се состана со пакистанскиот премиер Имран Хан.

На почетокот на средбата му беше дозволено на печатот да сними и фотографира за кусо време по што се премина на средба затворена за печатот на која како што се дознава биле споделени мислења во однос на меѓународни и регионални прашања. 

Ибран хан и Чавушоглу исто така направија проценка и на односите помеѓу Пакистан и Турција при што разговараа за контактите и посетите кои што ќе се остварат во иднина помеѓу двете земји.

Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Пакистан го посети и градот Равалпинди каде во командата на копнените сили се состана со командантот генерал на армија Камар Џавит Бажва.

Во објавеното писмено соопштение од пакистанските вооружени сили во врска со оваа средба се истакнува дека биле разменети мислења за регионалната безбедност, случувањата на Блискиот исток и соработката во сферата на одбраната.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе замине за градот Лахор каде што ќе го посети поранешниот пакистански премиер Наваз Шериф кој неодамна ја изгуби својата сопруга при што ќе му го изрази своето сочувство, а потоа ќе се врати во земјата.



Слични вести